„Рекет“ пред Апелација: Русковска и обвинетите се жалат за казните, Катица Јанева нема да се појави

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, нема да се појави на денешната јавна седница во Апелациониот суд за случајот „Рекет“. Неизвесно е дали ќе се појави и Бојан Јовановски-Боки 13, кој исто така е осуден во случајот. Во судницата на скопска Апелација треба аргументите да ги образложат нивните адвокатски тимови, меѓу кои, за Јанева нејзините бранители Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска, а за Јовановски – Сашко Дуковски.

Јавната седница на Апелација е закажана по скоро една година од изрекувањето на пресудата, од која не беа задоволни тогаш обвинетите, но и обвинителката Вилма Русковска. За адвокатите на Јанева и Јовановски казните беа превисоки, додека за Русковска – ниски.

„За Јанева очекував помеѓу 7 и 8 години, а за Јовановски не сум задоволна- не очекував под 10 години. Ќе поднесеме жалба и за едниот и за другиот“, рече тогаш Русковска.

Дуковски како бранител на Јовановски пред една година, казната ја оцени како „брутална“.

„Очекувана пресуда, знаевме дека ќе биде ваква брутална казна. Нашата борба не завршува тука“, рече Дуковски.

Судијката Васка Николовска-Масевска заедно со судечкиот совет го осуди Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 години затвор, додека на Катица Јанева и одреди 7 години затвор. Од самиот старт на судењето, вина призна Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на три години казна затвор.

„Виновни се затоа што во периодот од ноември 2018 година до април 2019 година, обвинетиот Бојан Јовановски со искористување на своето влијание над Катица Јанева која е јавен обвинител во СЈО, преку претходни пријателски односи, влијаел да му се одреди поблага мерка куќен притвор, а притворот бил предложен и одобрен, да му се укине мерката претпазливост, да биде заштитен сведок. Во ова учествувал и осудениот Зоран Милески-Кичеец со договарање на средби. За посредувањето добиле 1.5 милиони евра“, рече Масевска при изрекувањето на пресудата минатата година.

По јавната седница, судиите од Апелација треба да донесат одлука за казните на Јанева и Јовановски.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов