Седници на собраниските комисии за политички систем и одбрана и безбедност

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска по две седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно – правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја продолжи расправата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година, а потоа на втората седница ќе ги разгледа годишните извештаи за работата на Агенцијата за администрација, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2020 година.

На дневен ред на двете седници на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот внатрешни работи, второ читање поднесен од Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Илија Николовски, Љупчо Балкоски, како и предлог-одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република и за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, второ читање, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска