Во Албанија се одржуваат парламентарни избори кои Европаската унија ги смета за клучни за европската иднина на оваа земја, по четиригодишниот застој во приближувањето на евроинтеграциите до кој дошло во време на власта на актуелниот премиер Сали Бериша.
По последниот избор 2009. година земјата западна во политичка криза бидејќи опозиционите социјалисти не сакаа да ги признаат изборните резултати. Тоа значајно го забави албанското приближување кон ЕУ и Брисел веќе двапати одби на Тирана да и додели статус на кандидат.
Шефот на мисијата на ЕУ во Тирана Еторе Секи нагласи дека овие избори, кои мораат да се спроведат во склад со европките стандарди, се клучни за Албанија.
Главни соперници на политичката сцена се исти веќе 20 години- десната коалиција околу актуелниот премиер Сали Бериша и левата оалиција околу челникот на социјалистите и бившиот градоначалник на Тирана Еди Рама.
Право на глас имаат 3,2 милиони бирачи кои во парлементот според пропорционален изборен систем ќе ги претставуваат 140 пратеници.