Остатоците од кинеската ракета ќе изгорат во атмосферата на Земјата

Од:

Остатоците од најголемата кинеска ракета „Долг марш 5Б“, лансирана минатата недела, се очекува да паднат на Земјата денеска или утре и да изгорат откако ќе влезат во атмосферата, објави американскиот центар за вселенски истражувања и развој.

Додека кинеското Министерство за надворешни работи објави дека остатоците од ракетата ќе горат во контакт со атмосферата на Земјата, американската армија објави дека силите на американската вселенска команда го следат падот на делови од кинеската ракета за време на, како што е формулирано, неконтролиран влез во Земјината атмосфера.

Според сегашните предвидувања, остатоците од кинеската ракета најверојатно ќе паднат недалеку од северниот остров на Нов Зеланд.

Ракетата „Долг марш 5Б“ беше лансирана минатата недела и таа е втора ракета од тој тип што успешно лета во вселената од мај минатата година. Остатоците од ракетата „Долг марш“ што падна на Земјата по минатогодишната мисија тежеа околу 20 тони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците со моќна американска ракета убиле 116 Руси далеку од фронтот

А1он

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина