Европа не може да оди напред ако Западен Балкан остане „црна дупка“, смета Дендијас

Од:

Не смееме да дозволиме Западен Балкан да остане црна дупка во центарот на Европа, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на неговото онлајн учество на панел дискусија на Форумот за иднината на ЕУ-САД, организиран од во рамките на Атлантскиот совет.

Одговарајќи на прашање за ЕУ перспектива на Западен Балкан, шефот на грчката дипломатија вели дека земјите од регионот имаат проблеми, но Грција може да им презентира „ноу хау“ што би им помогнало на европскиот пат.

– И морам да кажам дека и Европската унија треба да согледа дека, историски гледано, низ историска димензија на нештата, Европа не може да напредува со црна дупка на Западен Балкан. Тоа не е можно. Па така, можеби е потребно време, можеби е потребен напор, но тоа е нешто што, според моето скромно мислење, треба да се случи и ќе се случи, истакна Дендиас.

Паралелно објасни дека, „европската парадигма, европското искуство, европскиот експеримент“ тој го гледа како случајот со монотеистичките религии, со исклучок на исламот, на кои „им требаат барем 300 години да се вкоренат, како што беше со христијанството“.

– Знаете, Европската унија е многу помлада, не е поминат ниту еден век од почетокот на ова огромно патување кон обединување на Европа. Ќе биде потребно време. Но, тоа не значи дека не треба да се обидуваме и дека не треба да ги продолжиме нашите напори кон убедување на нашите соседи од Западен Балкан да ги прифатат критериумите на Европската унија, а исто така да живеат согласно овие критериуми, европското законодавство, додаде министерот за надворешни работи на Грција.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ