Убедлив пораз од 94:49 попладнево претрпе кошаркарската репрезентација на Македонија во полуфиналниот натпревар со Србија на Медитеранските игри во Мерсин.
Избраниците на селекторот Марјан Србиновски уште на стартот покажаа дека не се достојни противници на селекцијата на Србија која првата четвртина ја заврши со предност од 16 поени разлика (27:11), а втората ја доби со 20:8, па на полувремето замина со убедлива предност од 28 поени разлика (47:19).
И во второто полувреме иста слика на теренот. Српските кошаркари ги добија третата и четвртата четвртина со 25:15 и 22:15, за на крајот да слават победа изразена со 45 поени разлика.
Во вториот полуфинален натпревар вечерва ќе играат Турција и Тунис, а поразената селекција ќе биде противник на Македонија во дуелот за бронзениот медал кој на програмата е во вторник (25 јуни) од 16 часот и 15 минути.