Мета Вордл Пис го менува името во Исус Шатлсворт

Од:

Секогаш контроверзната НБА ѕвезда Мета Ворлд Пис, кој претходно се викаше Рон Артест, најави дека има намера повторно да си го смени името.

Медиумите во САД пренесуваат дека крилниот центар на ЛА Лејкерс објавил на својот профил на Твитер дека пак ќе се прекрсти, овојпат како Исус Шатлсворт.

33-годишниот кошаркар наводно веќе ги поднел документите за менување на името, и доколку му биде одобрено, тој очекува новото име да го добие во август.

Инаку Исус Шатлсворт е името на ликот кој го толкува Реј Ален во филмот на Спајк Ли, „He Got Game“, заедно со Дензел Вошингтон и Мила Јовович, а Мета Вордл пис ја донел одлуката по решавачката тројка на Ален во 6 меч од финалната серија во НБА.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on