Репрезентацијата на Македонија со пораз од Хрватска го започна женскиот ракометен турнир на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.
Избраничките на селекторот Гино Стрезовски загубија од селекцијата на Хрватска со 26:29 (полувреме 15:16). Ова е натпревар од групата Б, во која се уште и селекциите на Словенија,Тунис и Шпанија со кои нашите ракометарки ќе играат редоследно.
Веќе утре од 10 часот и 30 минути, Македонија во 2.коло ќе игра со селекцијата на Словенија. Натпреварот од 3.коло против Тунис ќе се игра в понеделник од 16 часот, а во последното 4.коло македонските ракометарки за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Шпанија. Овој дуел е закажан за в среда (26 јуни) од 16 часот.