САД испратија дополнителни сили во Авганистан за да помогнат со повлекувањето на војската

Од:

САД испратија дополнителни сили кои ќе ги штитат американските и коалициските сили за време на повлекувањето на трупите од Авганистан.

Тешки бомбардери и ловци ќе бидат со трупите што ќе се повлечат од Авганистан, а меѓу нив ќе бидат и цивилни изведувачи, пренесува Би-Би-Си.

САД и НАТО се присутни во Авганистан речиси 20 години.

Американскиот претседател Џо Бајден за последен датум за повлекување на сите американски трупи, го одреди 11 септември, кога ќе поминат 20 години од терористичките напади во Америка, кои ја предизвикаа војната. Меѓутоа, повлекувањето се случува во услови на зголемено насилство, а авганистанските безбедносни сили се во состојба на зголемена борбена готовност поради нови напади.

Талибанците предупредија дека договорот повеќе не ги обврзува да не напаѓаат меѓународни трупи.

Според договорот потпишан минатата година, меѓу Доналд Трамп и милитантите, странските трупи мораа да го напуштат Авганистан до 1 мај, а за возврат, Талибанците соопштија дека нема да ги напаѓаат меѓународните трупи.

Началникот на здружениот штаб на американската армија Марк Мајли рече дека во Авганистан во моментов има 2,5 илјади американски војници и 16 илјади цивилни изведувачи.

Тој додаде дека талибанците ги напаѓаат владините сили меѓу 80 и 120 пати на ден, но дека од 1 мај досега нема напади врз САД и коалициските сили.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија