ИКТ комора на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Од:

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, вели Саша Огненовски од ИКТ комората на Македонија, во однос на полемиките кои се водат во јавноста околу воведување дигитализација на учебниците во образовниот процес.

Тој додава дека овој став ИКТ комората го афирмирала и промовирала во изминатите десетина години со цел овие технологии да станат дел од институционалните политики со ставање особен акцент на нивната важност за унапредување на процесот на образование. Но, како што вели, досега немало значаен и квалитен напредок на ова поле.

„ Дигитализацијата придонесува за трансформација на економијата, владеењето и на општеството преку усвојување на постојните и на новите дигитални технологии. Дигитализирање на образованието, пак, значи засилување на процесите на учење со технологија. Се предвидува дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование. Квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени“, изјави Огненовски.

Од ИКТ комората истакнуваат дека дигитализација на образовниот процес треба да се реализира во поинаков процес, кој ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни со цел креирање најдобри можни решенија кои нема да се соочат со проблеми при имплементација.

Би можело да ве интересира

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

A1on

МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

Ана Ололовска

„TechPack“ – бесплатни софтверски решенија за дигитализација на компаниите погодени од кризата

Ана Ололовска

ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

Ана Ололовска

ИКТ и услужните фирми бараат автентично толкување на дел од Законот за ДДВ

Наум Локоски

Конференција за дигитална трансформација во Македонија

Ана Ололовска