Книгата „Осврти – рефлексии, илуминации и реминисценции“ од Виолета Калиќ ќе биде промовирана денеска во Галеријата „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.
Промотивна реч за делото на Калиќ ќе одржи поетесата и преведувач Љерка Тот Наумова.
По повод промоцијата, ќе биде отворена изложба на дела од голем број уметници кои се претставени во публикацијата, а на виолина ќе настапи виолиностот Михајло Куфојанакис.