Учениците од преименуваните училишта во општина Чаир денеска ги добија свидетелставата и на нив стојат оригиналните македонски имиња на училиштата.
Како што минатата недела во изјава за 24 Вести потврди и Кадри Агуши, директорот на преименуваното Основно училиште „Исмаил Ќемали“, на свидетелставта од ова училиште стои името Рајко Жинзифов.
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити за 24 Вести вели дека се решиле за прагматично решение, учениците да не ги сносат последиците и да можат да се запишат во средно образование, но тоа вели Меџити во никој случај не занчело дека се откажуваат од новите имиња.
Тврди работат на тоа да се најде решение и новите имиња и законски да се официјализираат.