(ВИДЕО) Колева: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна и динамична

Од:

„Економските мерки што ги спроведе Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои се потврдени и со официјални податоци.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика извозот во месец март 2021 година бележи раст од 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец“, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Покрај раст на извозот на почетокот на годинава, раст бележи и просечната плата која во февруари оваа година е повисока за 2,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година и изнесува 27.984 денари.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Согласно економските показатели и очекувањата, во оваа 2021 година, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи растот на платите, а невработеноста да се намалува.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Продолжуваме со грижа за работниците и стопанството“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он