За упис во средните училишта обезбедени 34.971 место

Од:

Вкупно 34.971 место е обезбедено за упис во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година, кој почнува во понеделник. Од посочените места 22.694 се за стручно образование. 11.597 во гимназиско, 408 во уметничко образование и 272 ученички места во спортска гимназија. соопшти денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој прецизира дека, според јазикот на кој ќе се изведува наставата 24.029 слободни места се обезбедени за учениците на македонски наставен јазик, 10.092 места за наставен албански јазик, за турски јазик 816, а 34 места за учениците кои ја следат наставата на српски јазик.

Министерот Ристовски посочи дека оваа учебна година по првпат ќе може да се запишат ученици во новото средно училиште „Илинден“ во општина Илинден и тоа во две паралелки од електротехничка струка.

– Важно е да се напомене дека оваа година по првпат се воведуваат и нови образовни профили во три струки, мултимедиски дизајнер во државното средно уметничко училиште за примената уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, угостителски техничар од угостителско-туристичка струка во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје и во СУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид, како и техничар за логистика и осигурување од сообраќајна струка во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, подвлече Ристовски.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и августовски рок со едно пријавување.

Според податоците на МОН во 2012/2013 година настава посетувале вкупно 22.990 осмоодделенци. Согласно Законот за средно образование уписот во средно училиште е задолжителен.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on