ФОТО: Дали „Божјото чудо“ ќе ја спаси шумата од сечење во Вранештица?

Од:

Духовден долго ќе остане запаметен во меморијата на вранештичани, велат жителите на селото кои освен што ја бранат шумата од најавената сеча, биле сведоци и на „Божја работа“.  Откако утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, се случи чуден феномен од кој очевидците возбудени го коментираат како божја работа.

Во црквата посветена на Свети Никола, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески, објави порталот Кичево.

Sv.-Nikola-Vranestica

Црквата иако е стара, била целосно обновена пред околу 7 години, со народни и со црковни пари. Никој не памети дека на самиот објект се појавил некој проблем кој би предизвикал оштетување на фрескоживописот.

Sv.-Nikola-Vranestica-6

„Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.

Селото Вранештица е многу старо и е населено со илјадници години наназад. Две од неговите цркви се зборува дека датираат уште од шестиот век.

Sv.-Nikola-Vranestica-2

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски