Во сообраќајка загина 31-годишен прилепчанец

Од:

Во СВР Битола вчера во 12:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Б.Н. од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник, известува МВР.

Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола, се додава во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него