(ВИДЕО) Васев: Голема е нервозата кај Мицкоски, никако не успева да ги одбрани криминалците и насилниците

Од:

„Единствената задача на Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е по секоја цена да се обидуваат да го бранат криминалот.

Нема криминалец кој Мицкоски не се обидува да го одбрани од правдата и законите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков.

Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а денес оваа партија глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи.

Голема е нервозата кај Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта.

Затоа секојдневно шират лажни вести и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници.

Токму заради ваквото однесување граѓаните шест пати го казнуваат Мицкоски на избори и ќе продолжат да го казнуваат затоа што тој е на браникот на криминалот наместо на страната на граѓаните и државата“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски