Австралијците живеат најквалитетно

Од:

Со околу 30.000 долари годишен семеен буџет, Австралијците се рангирани на првото место во најновото истражување на Организацијата за економска соработка и развој. Втора година по ред Австралија е на прво место по квалитет на живот.

Веднаш по неа следува Шведска. Едно семејство во оваа нордиска земја годишно има на располагање 26,242 долари.

Како земји во кои граѓаните имаат квалитетен живот се вбројуваат Америка, Ирска, Исланд, Финска. Македонија како и останатите земји кои не се членки на ЕУ не се земени во предвид во истражувањето на Организацијата.

Но, затоа Македонија е присутна во последниот извештај на Европската статистичка канцеларија Еуростат, каде што е рангирана на трето место за најсиромашна земја во Европа.

Стандардот на просечениот Македонец изнесува само 35 насто од стандардот на жителите во Европа.

Споредено со земјите од регионот, според овој ивештај, Македонците живеат на исто ниво како Србите, а нешто подобро од граѓаните во Босна и Херцеговина и Албанија.

На податоците од Извештајот реагираа и дел од политичките партии.

Со годишен БДП од 3.630 евра по глава на жител, животниот стандард во Македонија бавно закрепнува. Состојбите уште повеќе се влошуваат со бранот на поскапувања кои уште повеќе го тенчат животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа

На југоистокот на Австралија падна повеќе од половина метар снег

Австралиец обвинет за подметнување пожар во куќа во кој загинаа неговите три деца

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски