16-годишна скопјанка со возило удрила во пешак, паркирани автомобили и канделабра, па избегала

Од:

Вчера во 21:00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот, информира МВР.

– Во незгодата А. К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16-годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен, соопштува Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје