Илјадници луѓе во Мјанмар протестираат против воената хунта

Од:

Три месеци по воениот преврат и соборувањето на демократски избраната влада, илјадници граѓани денеска излегоа на улиците во Мјанмар за да протестираат против воената диктатура.

Воената хунта не успева да ги запре протестите и незадоволството на граѓаните дури и со употреба на смртоносна сила, а демонстрациите ги координираат и круговите на протерани граѓани на Мјанмар во странство, кои протестите ги нарекоа „глобална пролетна револуција во Мјанмар“.

– Да го разбудиме светот со единството на луѓето во Мјанмар, истакнаа организаторите во соопштение.

Протести, во кои учествуваат и будистички свештеници, се одржуваат во Јангон, Мадалеј, Кале и Давеј, а според локалните медиуми, еден демонстрант бил застрелан во градот Хсипаву.

Во исто време, во оддалечените погранични области во источниот и северниот дел на земјата активни се помали етнички бунтовнички групи кои значително ги засилија своите вооружени акции по воениот удар пред 3 месеци, принудувајќи десетици илјади луѓе да бегаат, се вели во извештај на ОН.

Во централните делови на земјата, каде со децении има воени бази, се случуваат необјасниви експлозии, со спорадични ракетни напади врз воени позиции.

Во извештај на невладина организација за помош на политичките затвореници се наведува дека безбедносните сили од почетокот на протестите убиле 759 демонстранти.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски