Физичка пресметка меѓу две семејства завршила со престрелка, приведени десет лица

Од:

Полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров вчера привеле десет лица по физичка пресметка меѓу две семејства од селата Буковиќ и Раовиќ, во Општина Сарај која завршила со престрелка и еден повреден со прострелни рани.

Лицата биле приведени, постапувајќи по пријава според која во 20:45 часот во село Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј. А. (22) и С. А. (27), двајцата од село Раовиќ, од една страна и И. П. (57) и Р. П. (30), двајцата од село Буковиќ, од друга страна.

– Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу 21:20 часот неколку лица од фамилијата на Ј. А. и С. А. од село Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И. П. и Р. П. и испукале повеќе проектили кон Љ. П. (25), син на И. П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“, информираат од МВР.

Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи