МОН: Излишно е денес да говориме за „пробиени“ тестови

Од:

Излишно е денес да говориме за „пробиени“ тестови по одредени предмети коишто беа дел од екстерното тестирање, кога процесот за утврдување на објективноста на наставниците при оценувањето на учениците, заврши на 19.6.2013 година, реагираат од Министерството за образование и наука на написите во медиумите.

Министерството за образование и наука во координација со органите во состав и останатите надлежни институции, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и Државниот просветен инспекторат, направија анализа на сите тестови коишто изминатите неколку денови беа предмет на дебата и објава во одредени медиуми во обид за сензација, при што е констатирано дека прашањата во истите не се веродостојни ниту по формата, ниту по содржината на оние коишто беа изработени од страна на надлежните институции, додаваат од МОН.

Воопшто не се сомневаме во сигурноста на софтверот преку кој учениците беа тестирани, бидејќи истиот е изработен врз основа на стандардите за управување со информатичка безбедност.

Дополнително, резултатите од процесот на екстерното тестирање кои ќе бидат објавени следните денови, ќе бидат најголем аргумент и потврда за валидноста и успешноста на целиот процес.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on