ВИДЕО: Верниците без маски и дистанца на велигденска молитва во Бигорски манастир

Од:

Дел од верниците кои дочекот на Велигден го празнуваа во Бигорскиот манастир, не ги испочитуваа мерките за заштита од коронавирусот.

Додека ја слушаа црковната литургија, поради малиот простор и многуте верници, не можеше да се одржи дистанца меѓу нив. Според протоколите, посетата на верските храмови мора да е со задолжително носење на заштитни маски, но и оваа мерка не беше испочитувана.

Со маски беа неколку од посетителите на храмот и ниту едно свештено лице.

Голем број верници не беа во можност да ги слушаат литургиите и ги следеа онлајн преку преносите во живо. Дека наплив на посетеност има, забележително е и од снимките, каде се гледа дека верниците стојат и пред вратите, па дури и во влезовите на верските храмови.

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан веќе повика празниците да се чествуваат со почитување на меркте за заштита од вирусот.

„Татковски повикуваме на трпеливо прифаќање и претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на вакцини. Исто така, потребно е да се оддадеме и на постојана молитва: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста“, порача Г.Г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Вечерва се очекува и најголем наплив на верници да бидат во и пред црквите. Најголема посетеност се предвидува дека ќе има во охридските цркви. Охрид е веќе преплавен со туристи.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска