Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најкорумпирана власт во Европа

Од:

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија. За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. Згора на сето тоа животот станува се поскап, цените на основните намирници растат, поскапуваат горивата и струјата, а со тоа и трошоците на секое едно семејство. Безнадежноста и чувството дека се оставени сами на цедило го одбележуваат овој 1-ви Мај.

Чувството на горчина кај секој од нас не е само поради падот на стандардот, туку и поради негрижата и лошите политики на оваа власт, кои не даваат надеж дека наскоро работите ќе се подобрат. Да, пандемијата влијаеше врз нашите животи, врз економијата и стопанството, но во Македонија црните економски статистики и колапсот се најизразени во споредба со целиот регион. Сликата со правата на работниците и нивниот стандард никогаш не била потажна и поцрна“, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 1-ви Мај – Денот на трудот.

„Мерките кои оваа влада ги превземаше беа или необмислени или задоцнети, па наместо конкретна помош се претворија во обична маркетинг шминка. Наместо ветуваните над милијарда евра помош, кај стопанството и кај работниците завршија само трошки. Токму затоа имаме состојба во која кај елитата на празничните трпези ќе има златни лажици, а кај најголемиот дел од народот живот на вересија. Затоа кај истата таа елита гледаме скапи мотори и хациенди, а кај огромно мнозинство на граѓаните грижи како да ги платат сметките, како да ги вратат кредитите и како да врзат крај со крај во месецот.

Ќе се обидат со розови очила, статистички акробации, празни флоскули и излитени ветувања да убедуваат дека работникот живее подобро или повторно да ветат дека ЌЕ донесат живот, но тоа секој работник, секој чесен и честит граѓанин ниту го чувствува, ниту ќе го почувствува со оваа неспособна, неодговорна и најкорумпирана власт во Европа.

Време е тоа да се промени. Време е поразите и неуспесите да се заменат со чесна работа, посветеност и стратегија која ќе донесе добробит, подобар стандард и вреднуван труд“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Внимателно со палењето оган на отворено, апелира ЦУК

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати апел до Владата и Собранието на РС Македонија

Ана Ололовска

ССМ: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година

Ана Ололовска

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари

Ана Ололовска