Барозо: Политичките партии во Бугарија треба да постигнат компромис во интерес на државата

Од:

Сите демократски политички сили во Бугарија, независно од идеолошките и политичките разлики, треба да постигнат компромис за важните прашања во интерес на државата, стабилноста и напредокот, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.


– Мојот повик е упатен кон сите политички партии кои водат сметка за иднината на државата, порача Баросо на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Пламен Орешарски.


Барозо нагласи дека главна тема на неговата средба со Орешарски била актуелната политичка состојба во Бугарија, каде цела седмица се одржуваат протести со барање за оставка на Владата избрана пред три недели и одржување на на предвремени избори.


– Знам дека тензиите се поради желбата за бугарското општетсво да види трајни промени во политичкиот систем, нагласи Барозо, додавајќи дека Еврокомсијата е вознемирена поради „политичката состојба што ја поларизира Бугарија“.


Протестите во Бугарија започнаа минатиот петок по изборот на контроверзниот медиумски магнат Делијан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Но, иако Пеевски уште следниот ден се повлече од функцијата на која беше избран, протестите во Софија и во неколку други градови продолжија.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација