Домаќинот на Европското првенство во кошарка Словенија со своја промоција во Македонија

Од:

Вчера во центарот на Скопје се оддржа промоција под брендот „I feel Slovenia“, на која се претстави Словенија, државата-домаќин на Европското првенство во кошарка.

Во рамките на оваа промоција беше оддржан и натпревар помеѓу македонските спортски новинари и словенечките менаџери. Натпреварот беше симболично најавен со шутеви од страна на Н.Е Бранко Раковец, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, како и специјалниот гостин, легендата на словенечката југословенска кошарка Иво Данеу.

Имено натпреварот помеѓу македонските спортски новинари (Горан Милковски – уредник во МТВ, Тони Митев – директор на Спортско Радио 90.3 фм, Перо Момировски – новинар во Алфа Телевизија и Сафет Адеми – новинар во АЛСАТ телевизија) и словенечките менаџери (Ѓорѓе Војновиќ – Триглав Осигурување, Петар Скварча – Сава Осигурување, Тадеј Ленарчиќ – One Телеком Словенија и Дамир Кудер – NLB Тутунска Банка), заврши со резултат 11:21, каде победа извојуваа словенечките менаџери.

Промоцијата се случуваше на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде беше изградено посебно игралиште за улична кошарка во боите на брендот „I feel Slovenia“. На манифестацијата која траеше од 13.00 до 22.00 часот, посетителите можеа да уживаат во разните содржини меѓу кои беа, анимацијата за децата и возрасните, маскотата на шампионатот – Липко и организираното шутирање кошеви на учесниците на настанот.

За организација на промоцијата под брендот „I feel Slovenia“, се погрижија Канцеларијата за комуникации на Владата на Република Словенија (УКОМ) и Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ