Од „Фукушима“ истекоа 360 литри радиоактивна вода

Од:

Од јапонската нуклеарна централа „Фукушима“, која не работи од земјотресот и ударот на цунамито во март 2011 година, истекоа најмалку 360 литри радиоактивна вода, соопшти денеска компанијата оператор на нуклерката ТЕПКО.

Според ТЕПКО, инцидентот се случил денеска околу три часот по локално време, кога од системот за прочистување на водата што се користи за разладување на реакторите и на базените со нуклеарно гориво, почнала да истекува радиоктивната вода.

Во соопштението се наведува дека еден работник „навреме го забележал“ истекувањето на водата и го исклучил прочистителниот систем.

Комапнијата тврди дека инцидентот не предизвикал зголемување на нивото на радијација околу нуклеарката, бидејќи истечената вода „веќе минала низ делумно прочистување од радиокативни супстанци“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови