Германија вакцинираше 1,1 милион луѓе во еден ден

Од:

Во Германија 1,1 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус за еден ден, изјави денеска министерот за здравство Јенс Шпан.

Тоа е нов рекорд за една европска земја во услови на зголемените размери на кампањата за вакцинација на Стариот континент.

Со 1,089 милиони дози инјектирани вчера во Германија, најголемата европска економија имунизира повеќе од еден процент од своето население во рок од 24 часа, истакна Шпан.

– Ова покажува со колку голема брзина работиме, изјави министерот за забрзаното темпо на вакцинација од почетокот на кампањата кон крајот на минатата година.

Досега само Кина, Индија и САД успеаја да ја надминат оваа дневна бројка. Во Европа, Велика Британија претходно го држеше рекордот според најголем број вакцинации за едно деноноќие – со 874.000 дози дадени на 20 март.

Вкупно 21,6 милиони луѓе или 25,9 проценти од населението во Германија, примиле барем една доза на вакцина против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“