Просечната каматна стапка во март бележи намалување кај вкупните кредити и депозити

Од:

Во март е забележано намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на депозити, објави денеска Народната банка.

Според податоците на централната банка, во март просечната каматна стапка на вкупните кредити е на ниво од 4,59 проценти, а на вкупните депозити изнесува 0,89 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94 проценти и бележи пад од 0,31 процентен поен, а каматната стапка на новопримените депозити има месечен раст од 0,76 проценти или 0,05 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор, каматната стапка на вкупните кредити е на исто ниво од 3,70 проценти како и претходниот месец, но е пониска за 0,38 процентни поени на годишна основа, додека кај вкупните депозити изнесува 1,15 проценти и има месечен пад од 0,05 процентни поени.

Кај домаќинствата, има пад на каматната стапка на вкупните кредити од 0,03 процентни поени и таа изнесува 5,40 проценти, а пад од 0,02 процентни поени има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити и изнесува 0,86 проценти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница