Во екот на одбележувањето на месецот Рамазан, во најголемото муслиманско светилиште – Мека во Саудиска Арабија, се случија катастрофални поплави предизвикани од поројните дождови.
Снимките кои беа воглавно објавени на социјалните мрежи покажуваат како силната буица длабока над еден метар влече автомобили и носи се што ќе ѝ се испречи на патот.
Поплавата била особено интензивна во населвите Ал-Отаиби и Ал-Маабда, каде водата поради одложеното одлевање го надмина нивото на прозорците на автомобилите, поплавувајќи ги подрумите и приземните катови на куќите.