Судот во американската држава Алабама изрече казна од година дена затвор на еден маж, кој на социјалната мрежа „Твитер“ му се закани на претседателот на САД, Барак Обама.
Џарвис М.Бритон според одлуката на судијата Линвуд Смит, од местото Хантсвил, мора да помине година дена затвор, а потоа да биде уште на три години на условна казна.
Бритон (26) во март е прогласен за виновен, бидејќи во септември, на својот профил напиша, „Ајде да го убиеме претседателот“.
Елена Георгиевска