Блажески: Не се согласувам со политички линч и лов на вештерки

Од:

ЛДП и ВМРО-НП реагираат на деградацијата на Боро Шајн кој од директор на ЈП „Билјанини Извори“, е назначен за наплатувач на паркинг.

За ВМРО-НП несватливо е распоредувањето на поранешниот директор на работно место наплатувач на паркинг. Човекот, велат има високо образование.

„Ова е неразбирлив потег на новото раководство на претпријатието, евидентно е дека е реваншистички и има одредена тенденција во него. Новата систематизација ќе доведе до тоа лица со средно да раководат со луѓе со факултет, а тие со факултет се распределени на места кои може да ги работи лице со основно образование. Значи овој потег не го поддржуваме, сметаме дека е злонамерен, крајно не коректен , незаконски, неетички и на крај не е човечки“, изјави претседателот на ВМРО НП ОК Охрид, Ванчо Костоски.

Дејан Блажески го пренесе својот личен став.

„Не е важно дали станува збор за Шајн или за кој и да било друг, не е важно дали е од ЛДП, ВМРО, СДСМ или неопределен, и воопшто не е важно какво мислење имам лично за господинот, туку напротив време е да сфатиме дека никој, повторувам никој не смее да си игра со ничие човечко достоинство кое е уставно право на секој човек. Како човек кој се бори за човековите права потенцирам дека не се согласувам со политички линч.Човечкото во мене зборува дека ова е тенденциозно декласифицирање и газење на човечкото достоинство на г-динот Шајн, на што остро се противам. Принципиелноста е темелот на оваа моја изјава. Не можеме во дваесет и првиот век ние да играме” лов на вештерки” за медиумски сезационализам, скокајќи ги правото и правните институции. За се друго што се однесува на неговото директорување оставам да одлучат истражните органи. Доколку е одговорен треба да ја сноси одговорноста, но ова повторно нема никаква врска нити пак ја оправдува дискриминацијата и мобингот на работното место“, рече Блажески.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ