Груевски на самитот на ЕПП побара подршка за евроатлантските интеграции на Македонија

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на маргините на самитoт на Европската народна партија (ЕПП), во Виена, Австрија оствари средби со високи функционери на ЕПП, со повеќе премиери на земји-членки на ЕУ од редот на ЕПП, а неформална средба имаше и со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ја искористив оваа прилика да се сретнам и со голем број од присутните тука, да поразговараме неформално за прашањата кои што не засегаат и кои што се важни за Република Македонија. Во таа смисла имав кратка средба со Мартенс, со Лопез секретарот на ЕПП, со Жозеп Дол, шеф на парламентарната група на ЕПП во ЕП. Имав неформален разговор и со германската канцеларка Ангела Меркел, со вицеканцеларот на Австрија, кој што е кандидат за канцелар на следните избори на Австрија, со други актуелни премиери или кандидати за премиери. Со сите нив разговарав за она што е најважно во овој момент за Република Македонија. Пораката која што за нас е важна да се испрати и во контекст на главниот проблем, кој што не окупира поврзан со блокадата, која што ја имаме за нашето членствово ЕУ и во НАТО од страна на нашиот јужен сосед, но и пошироко за други прашања што се значајни за нас, изјави Груевски.

Груевски, кој предводи висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ, а во која се и министерот за надворешни работи Никола Поповски и партискиот секретар за меѓународна соработка и пратеник во Собранието Владимир Ѓорчев, на маргините на самитот се сретна со Вилфред Мартенс, претседател на ЕПП, која е најмногубројна партија во Европскиот парламент.

Во разговорите премиерот Груевски упати благодарност за сестраната поддршка која Република Македонија ја добива од ЕПП во контекст на евроинтегративните процеси, како и поддршката за интензивирање на политичките односи и дијалогот во меѓународни рамки. Тој истакна дека таквата поддршка е основа и за зајакнување на економските односи и промоција на македонските потенцијали за инвестирање на европскиот пазар.

Претседателот на ЕПП Мартенс, пак, го акцентираше активното учество и партиципацијата на Република Македонија на глобалните настани и процеси, како и влогот кој се дава во насока на надминување на предизвиците со кои се пресретнуваат државите од ЕУ, како што се состојбите предизвикани од европската должничка криза.

Груевски на средбата со Жозеп Дол, водачот на групата на ЕПП во Европарламентот, разговараше за актуелните случувања во ЕУ, како и утврдувањето на механизмите за засилување на соработката како на политичко така и на економско ниво за надминување на актуелните предизвици.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на самитот претседателот Груевски разговараше и со шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, а беа остварени и оделни разговори со премиерот на Латвија Валдис Домбровскис и доскорешниот премиер на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он