Приведени две лица од Радовиш, запленета марихуана

Од:

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 13.00 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај место викано „Ерџелиски мост“, светиниколско, ги лишиле од слобода Г.М.(25) и Р.С.(26), двајцата од Радовиш.

Како што денеска информриаа од МВР, при преглед во возилото „нисан“, кое го управувал Г.М., а сопатник бил Р.С. и при нивен личен преглед полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Тие биле приведени во Полициската станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он