Пратеникот Алиу набљудувач на парламентарните избори во Албанија

Од:

Пратеникот Имер Алиу, од име на Групата на европски народни партии, е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Албанија од 21 до 24 јуни 2013 година.

Комисијата која е составена од 20 членови, ќе ги набљудува изборите заедно со набљудувачите на Парламентарното собрание на ОБСЕ и ОДИХР. Пред денот на гласањето, членовите на Комисијата ќе имаат средби со лидерите на главните политички партии и коалиции, претседателот на Централната изборна комисија, со претставниците на граѓанското општество и медиумите, како и со претставниците на меѓународната заедница во Албанија. На денот на гласањето, на 23 јуни 2013 година пратеникот Имер Алиу ќе биде распореден во реонот на Тирана.

– Имајќи предвид дека набљудувањето на изборите е важен елемент за утврдување на демократскиот капацитет на една држава, Парламентарното собрание на Советот на Европа очекува Албанија да ги исполни стандардите на Советот на Европа и со тоа да ја потврди својата целосна посветеност на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, се наведува во соопштението од Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски