Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието

Од:

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.

Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

На дневниот ред меѓу другите се и предлог законите за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог програмата за изменување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, како и за предлог законите за изменување на Законот за данокот на добивка, за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, и за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска