Еден од најпознатите ликови од светот на стрипот, мачорот Гарфилд, вчера го прослави својот 35-ти роденден.
Најголемиот филозоф меѓу мачките, првпат во стрип се појави во далечната 1978 година. Гарфилд пред 35 години го осмисли Џим Давис, кој не ни помислил дека тромавиот и секогаш нерасположен мачор чија страст е лазањите, ќе стане вистински хит.
Со текот на времето Гарфилд стекна многу приврзаници, а моментно се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најчитан стрип во светот.
Во продолжение донесуваме некои од мудростите на оваа портокалово мачка:
– Го мразам понеделник.
– Гладен сум, значи постојам.
– Ако сакате да изгледате слаби, дружете се со луѓето кои се подебели од вас.
– Не сум премногу дебел, туку премногу низок.
– Јадам премногу затоа што сум депресивен, депресивен сум затоа што јадам премногу.