Општина Центар донираше илјада книги во општинските основни училишта по повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторските права

Од:

По повод Светскиот ден на книгата и авторските права, Општина Центар, во соработка со шест издавачки куќи, книжарници и компании од Северна Македонија, обезбедија донација од илјада книги на македонски и англиски јазик за општинските основни училишта. Во акцијата учествуваа издавачките куќи Академска книга, Арс Ламина, Едука Мак, Три, Тримакс и Феникс.

-Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната здравствена криза и од вонредните околности што наметнаа онлајн-учење во училиштата и секојдневно користење на дигиталните платформи за комуникација, оваа иницијатива претставува дополнителна мотивација за учениците да читаат и да го надградат своето знаење со книги и изданија од светски и македонски автори. Би сакал да им се заблагодарам на сите општествено одговорни компании што дадоа поддршка на нашата иницијатива за збогатување на книжевниот фонд во училишните библиотеки во Општина Центар, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Од Општина Центар велат дека одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторските права со разни активности, настани и литературни конкурси за ученици во основните училишта, е со цел да се постигне правилен интелектуален и емоционален развој на личноста кај децата.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски