Во пукотница во еден апартман, во Лусвил, Кентаки загинаа три лица, а едно е тешко повредено, соопшти денес полицијата. Повреденото лице е згрижено во болницата каде што лекарите се борат за неговиот живот, пренесе „Асошиејтед прес“.
Полицијата се уште не ги откри деталите околу инцидентот, ниту идентитетот на жртвите, бидејќи истрагата е во тек. Жител на комплексот апартмани Моли Хекстра рече дека до сега вакво нешто не се случило и дека тоа е мирено и безбедено место.
Инаку комплексот во кој се случи пукотницата е во близина на приватниот Универзитет Белармин.
Елена Георгиевска