Големите дождови предизвикаа поплави во австриското село Халштат, кое поради својата единствена убавина е под заштита на УНЕСКО.
Олујата која што го погоди местото носеше се пред себе, патишта, автомобили и дрвја.
Локалните медиуми пренесоа дека неколку хотели и куќи се под вода.
Халштат, кој има нешто помалку од 1.000 жители се наоѓа покрај истоименото езеро и е едно од водечките туристички места во државата.
Елена Георгиевска