Полицајци запленија 50 кубици диво сечени огревни дрва

Од:

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Берово во содејство со шумска полиција одзеле околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во дворот од куќа на улица „Маршал Тито“ во Берово, сопственост на лицето М.П., при што биле пронајдени околу 17 кубици.

Како што информираат од МВР, денеска од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во село Двориште, на место викано „Буково“, во приколка пронашле бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во село Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва. Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата ѝ биле предадени на шумската полиција.

– По насоки од Основното јавно обвинителство Берово увид на местата извршиле екипи од ОВР Берово, а сите пронајдени дрва биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од министерството.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он