Обвинет спроведен од затвор им избегал на полицајците, па е пронајден

Од:

Обвинет за криумчарење мигранти ѝ избегал на затворската полиција која го спровела во Кривичниот суд, а по кратко време, бил пронајден. Tоа бил фатен кај Камени мост.  Настанот се случи утрово, а по кратко време лицето беше лоцирано.

@Денеска (22.04.2021) од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за прв одговор и интервенција, кај Камен мост во Скопје бил приведен А.З.(30) од Скопје, кој во 09.40 часот, при излез од Кривичен суд во Скопје, додека бил спроведуван од страна на Затворска полиција, избегал. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Кривичниот суд се огради од криењето на обвинетиот, бидејќи како што велат, лицето им исчезнало на полицајците додека било надвор од затворската зграда. За спроводот на обвинетиот, кој избега, па се појави, била задолжена затворската полиција на затворот во „Шуто Оризари“. Потврда дека лицето е пронајдено даде и директорот на затворот, Филип Андов.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он