Рашковски оди во затворот во Шутка, заедно со сопственикот на фирмата од која е набавен спорниот софтвер

Од:

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и сопственикот на „Инвока Груп“, Даниел Станчев им одреди ефективен притвор. Тие треба да се спроведат од своите домови во истражниот затвор во „Шутка“, каде ќе останат 30 дена. Ова доаѓа по жалбата на обвинителката Ивана Трајчева, која сметаше дека Рашковски и Станчев и од дома можат да влијаат на сведоци, како што, веќе имало обид.

„Ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна  постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во одлуката на судот.

Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

„Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој  дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран,  фактурата во рок од седум дена била исплатена“, велат од Обвинителството за постапката.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена