Народна банка: Раст на депозитите и на кредитите во март

Од:

Раст на месечна и годишна основа на вкупните депозити и на вкупните кредити покажуваат податоците на Народната банка за месец март.

Вкупните депозити на годишна основа, се зголемени за 7,4 проценти, при речиси подеднаков придонес на депозитите кај двата сектора.

-Во март, вкупните депозити остварија месечен раст од 0,7 отсто со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити се повисоки за 7,4 отсто, при речиси еднаков придонес на депозитите кај двата сектора, се вели во соопштението од Народна банка..

Од податоците на Народната банка може да се види и дека на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти.

Нагорната промена, според Народната Банка е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

– Вкупните кредити во март, се зголемени за 0,9 отсто и 5,2 отсто, на месечна и годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, стои во сообштението од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски