Имран Кан: Западот треба да го криминализира навредувањето на пророкот Мухамед

Од:

Пакистанскиот премиер, Имран Кан, излезе со апел до муслиманските земји за лобирање кај западните влади да ги криминализираат и казнуваар навредите кон пророкот Мухамед.

-Треба да им објасниме зошто не боли кога, во име на слободата на говорот, ја навредуваат честа на нашиот пророк, рече Кан, цитиран од „Ал Џазира“.

„Кога 50 муслимански земји ќе се обединат и ќе го кажат тоа и кога ќе кажат дека доколку во иднина се случи такво нешто во која било земја, тие ќе почнат трговски бојкот и нема да ја купуваат нивната стока, тогаш тоа ќе има влијание“, додаде тој.

Кан смета дека навредата кон пророкот Мухамед треба да се третира на истиот начин како и доведувањето под прашање на Холокаустот, што е кривично дело во некои европски земји.

Обраќањето на премиерот Кан до јавноста доаѓа на денот кога владата ги почна преговорите со радикалната верска група која планираше масовни протести во Франција заради објавувањето на карикатури на Мухамед во француските весници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица