Во интервју за магазинот „Ролингстон“ првата тенисерка во светот, Серена Вилијамс, изјави дека 16-годишната жртва на силување во Стјубенвил, Охајо, сама барала да ја нападнат.
-Не требаше себе си да се стави во таа положба-изјави Серена и додаде дека девојчето „имало среќа“.
Осомничените напаѓачи, гимназијалците Трент Мејс и Малик Ричмонд добија година дена, казна затвор за малолетници. Двајцата се уапсени откако другите ученици ја поставија видео снимката на интернет.
-Мислите ли дека е фер тоа што го добија. Направија глупост, но, не знам. Не ја обвинувам девојката, но доколу имате 16 години а се напиете толку… би требало родителите да ве научат да не примате пијалоци од други луѓе. Зошто се напила толку, за да не знае каде се наоѓа? Можеше да биде уште полошо, имаше среќа. Не требаше да се стави во таква положба, освен ако не и ставиле нешто во пијалокот, тогаш тоа е друго-е дел од скандалозната изјава на Вилијамс.
Само неколку часа по изјавата на Серена започнаа негативни коментарите на социјалите мрежи.
Во една од изјавите стоои дека е разочарувачко што некој, кој е моќен како Серена Вилијамс, вината ја фрла на жртвата.
Испадите на Серена
На УС Опен 2011 година Серена Вилијамс беше казнета поради тоа што вербално го навреди линискиот судија.
Неодамна влезе во кавга со тенисерката Слоун Стивенс.
Исто така ја критикуваат и кога на Олимписките игри 2012 година по освоениот медал одигра неколку чекори од танцот, кој што е поврзан со опасна банда во Калифорнија.
Елена Георгиевска