Бугарија падна за едно место на годинешното рангирање за слобода на медиумите на Репортери без граници и сега е на 112 место од 180 земји вклучени во индексот на „Репортери без граници“, со што е последна меѓу земјите-членки на Европската унија.
Главните причини за влошување на медиумското опкружување се насилството врз новинарите и нетранспарентното државно финансирање на медиумите со европски фондови, оценува организацијата.
Втора земја со најлоши резултати во ЕУ е Унгарија, која е на 10 места над Бугарија – 92.
Во регионот на Балканот, само Турција има полоши резултати, и се наоѓа на 153 место според индексот на слобода на медиумите на РБГ.