Индија ќе вложи уште 610 милиони долари во производство на вакцини

Од:

Индиската влада ќе одвои 45,67 милијарди рупии (610 милиони американски долари) за производителите на вакцини Институт за серум во Индија и Барат Биотек за да го зголемат производниот капацитет со оглед на силната побарувачка поттикната од ширењето на Ковид-19.

– Најголемиот светски производител на вакцини, индискиот Институт ќе добие 30 милијарди рупии (400 милиони американски долари), а Барат Биотек останатите речиси 16 милијарди, изјави во понеделникот министерот за финансии Нирмала Ситараман за Си-Ен-Би-Си-ТВ18.

Парите ќе бидат исплатени во форма на грант.

Институтот побара пари од владата за да ги зголеми месечните капацитети за производство на повеќе од 100 милиони дози до крајот на мај, од сегашните до 70 милиони.

Бројот на нови инфекции во Индија експоненцијално расте и централната влада тешко се справува со побарувачката од многу индиски држави. Индија има вкупно население од околу 1,3 милијарди.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени