(ФОТО) САД: Најзагрозени историски места

Од:

Стадионот Астродоум во Хјустон, терминалот на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк, Пан Ам и селските училишта во сојузната држава Монтана, влегоа во листата на најзагрозени историски места во САД.

Листата денес ја објави Националниот фонд за зачувување на историски знаменитости, а на неа се најдоа единаесет најзагрозени објекти од историско значење во САД.

48619873851c1ae10c49b4270551527_v4 big

Светилник „Геј Хед“
Првиот светилник изграден на островот Мартини, би можел наскоро да исчезне. Во моментов се наоѓа на само десетина метри од работ на карпите, а поради ерозија на земјата секој ден е во ризична позиција.

108026744351c1ae12b83e4191531201_v4 big

Стадион „Астродом“
Првиот затворен стадион на светот со климатизиран систем, е отворен во 1965 година. Тој беше прогласен и за осмо светско чудо. Денес му е потребен план за повторна употреба, за да се избегне рушење.

184739232451c1ae148eaea713952324_v4 big

Село Меримонт
Десетина милји одалечена од Синсинатиј, оваа населба важи за една од првите плански градени општини. Таа настана по Првата Светска војна, а требаше да послужи како национален пример за мали населби со три паралелни улици, парк и куќи.

143258857151c1ae2011dbf107683844_v4 big

Црква Свети Хосе
Шпанската црква која што е изградена во готички стил 1592 година е сместена во близина на Сан Хуан, во Порторико. Веќе со години е затворени поради проценката дека нејзината состојба е опасна по безбедноста на сите кои ќе престојуваат во неа.

43951602451c1ae2229fe1755469622_v4 big

Куќа „Ејбисинијан“
Познатата куќа „Ејбисинијан“, е една од најстарите згради, која служеше за собирање на Афроамериканцит, во текот на долгата борба за човекови права. Денес е во многу лоша состајба, па и е потребна целосна реконструкција, за која се уште не се обезбедени средства.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа