Тодоров сеуште без коментар за изештајот од Фридом Хаус

Од:

Од министерството за здравство сеуште немаат коментар во врска со извештајот од Фридом Хаус, каде што министерот Тодоров е посочен како функционер кој извршил бесрамен притисок врз судот со тоа што го забранил штрајкот на лекарите минатата година.

Во последниот извештај на Фридом Хаус, сосотјбите во судството не се оценети добро, а како причина се наведуваат политичкиот притисокот на министерот за здравство врз судот, влошувањето на состојбите во судскиот систем, како и „насилството кое изби по отвoрањето на истрага за убиството“.

А1он побара официјален одговор од министерството но тие одговорија дека сеуште немаат коментар, а откако ќе се консултираат ќе бидеме известени.

Минатиот септември, Тодоров побара од судот да го забрани штрајкот на лекарите, затоа што истиот не бил организиран во согласност со законот. Ова беше првиот случај во земјава со судска одлука, по тужба на државен функционер да се забрани штрајк кој бил организиран од синдикат.

Во извештајот кој е за целата 2012 година се коментираат ваквите случувања кои отвораат сериозни сомневања во изгледите за сеопфатни реформи во судството и напорите за борбата против корупцијата.

За земјите од Западен Балкан е заедничко дека во процесот за пристап кон ЕУ се мотивирани да спроведуваат реформи кои гарантираат демократски институции и функционална пазарна економија. Сепак заради недостаток на политичка волја оваа имплементација во пракса воопшто не се одвива.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро